Прегазена жена во Скопје, итно префрлена во болница

На улицата „Хусеин Бајрам“ во Скопје вчера се случила тешка сообраќајна несреќа, помеѓу патничко возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Г.Б. од Скопје кое удрило во 83-годишната Ј.П. од Свети Николе.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.П., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

По укажаната лекарска помош Ј.П. била пуштена на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.