Прегазена 32-годишна жена од Тетово, заврши со тешки повреди

 Во сообраќајка во Тетово, тешко повредена е 32-годишна жена, која е однесена на клиниките во Скопје поради сериозноста на здравствената состојба. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 17 часот и 15 минути на булеварот „Маршал Тито“.

– Во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „пежо 607“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 47-годишниот А. Р. од гостиварско Беловиште удрило во 32-годишната К. Ѓ. (пешак) од тетовско Подбреѓе. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.