Прегазен велосипедист во Скопје - возачот избегал

Вчера во 09:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од комплекс клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено 61-годишниот К.К.

Според пријавеното, на 06.12.2018 година околу 13:00 часот во населба Илинден, возило удрило во велосипед управуван од К.К. по што возилото и возачот го напуштиле местото на настанот.

Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.