Прегазен полициски службеник во Скопје итно префрлен во болница

На 02.12.2017 година во 17,50 часот во Скопје на улица „Никола Карев“  патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ц.(31) од Скопје, удрило во пешаците С.К.(65) и Б.К.(67) двајцата од Скопје.

С.К. со возило на  брза помош е пренесена во Градска оппшта болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување.

Б.К.со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар – Скопје, каде исто така му се констатирани тешки телесни повреди  и истиот е во животозагрозувачка состојба и е задржан на лекување во КАРИЛ.

Извршен е увид на местото на настанот.