Прегазен пешак во Скопје - возачот избегал од местото на настанот

Во 17.00 часот во Скопје на улица „Босна и Херцеговина“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ удрилo во пешак и избегало.

Се работи за 19-годишниот И.С. од Скопје кој бил прегазен и оставен.

Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Градска општа болница “8-ми Септември“.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.