Прегазен пешак во Скопје почина на лице место

Вчера во 22 :55 часот часот на автопатот „Мајка Тереза“  во атар на село Буковиќ, 23-годишниот А.А. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки удрил во 53-годишниот Б.И. од село Буковиќ, скопско. 

Во незгодата пешакот од здобиените повреди починал на местото на настанот. Полицијата изврши увид на местото на настанот.