Прегазен пешак во Скопје итно транспортитран во болница

Во 07.45 часот на улица „Варшавска“ патничко моторно возило „Лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Т.Ѓ. од село Волково, скопско, удрило во пешак.

МВР информира дека се работи за 48-годишниот Б.И. од Скопје.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.