Прегазен пешак во Скопје итно пренесен на Клиника

Во 22.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и булеварот „Никола Карев“ патничко возило „Ланчиа“ со скопски регистарски таблици, управувано од 52-годишниот С.П. од Скопје удрило во пешак.

Се работи за 58-годишниот Ш.Д. од Скопје. Од ударот со повреди се здобил пешакот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.