Прегазен пешак во Скопје и со тешки повреди пренесен на Клиника

Прегазен пешак во Скопје и со тешки повреди пренесен на Клиника.

-На 21.12.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и ул.„1732“ во Скопје, патничко моторно возило „фиат сеиченто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(23) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(41) од с.Љубанци, скопско- известуваат од полиција.

Во незгодата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.