Вчера во 11.50 часот во СВР Штип било пријавено дека 67-годишниот Ј.Ј. од Штип бил удрен со автомбил „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип. Несреќата се случила на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.