Прегазен пешак во Шишево - со тешки повреди пренесен на Клиника

Пешак прегазен во село Шишево скопско, со тешки повреди бил пренесен на Клиника.

„На 09.07.2020 во 17.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Скупи“, патничко  возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(35) од Скопје удрило во пешакот Ф.Ј.(57) од с.Шишево, скопско“ соопштуваат од МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.