Прегазен пешак во Чаир, констатирани тешки телесни повреди

Ноќва во 23.35 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Кемал Ататурк“, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(57) од Скопје, удрило во пешак С.С.(55) од Р.Косово, информира МВР.

Во незгодата, според информациите на МВР, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.