Вчера во раните утрински часови 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил удрен со возило 50-годишниот пешак М.Б. од Скопје по што возачот веднаш избегал од местото на настанот.
Инцидентот се случил на ул.„Св.Кирил и Методиј“ во Центар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.