Прегазен пешак на регионалниот пат Штип - Кадрифаково, починал на лице место

Вчера во 23.15 часот во полициска станица Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Кадрифаково, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од Штип, удрило во пешакот И.К.(60) од с.Три Чешми.

„Од здобиените повреди, И.К. починал на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип“, велат од МВР.