Прегазен пешак на регионалниот пат Кичево – Прилеп

Пешак настрада во сообраќајка на регионалниот пат Кичево – Прилеп.

На 12.12.2022 во 16.38 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Прилеп, кај с.Латово, Општина Македонски Брод, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Д.Д.(38) од Македонски Брод,  удрило во Т.Ј.(61) од Македонски Брод.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом во Македонски Брод, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.