Прегазен пешак на булевар во Скопје, возачот избегал

Пешак е прегазен во Скопје, а возачот на возилото избегал од местото на несреќата. 

На 04.10.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје и го напуштило местото на несреќата, информираше полицијата.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.