Прегазен млад велосипедист

Тешко повредене млад велосипедист во Ресен.

На 07.09.2022 во 17.45 часот било пријавено дека во Ресен на ул.“7-ма Македонска бригада“ патничко моторно возило “опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(35) од Ресен, удрило во велосипед управуван од Ѓ.М.(26) од Ресен, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Ресен, известија од МВР.