Прегазен маж во Скопје

Маж бил прегазен вчера во Скопје, по што итно бил пренесен во Ургентниот центар.

Како што информираат од МВР, утрината околу 10:00 часот на крстосницата од улица „Кемал Сејфула“ со улица „Павле Илиќ“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот С.А. од Скопје, удрило во 81-годишниот пешак Д.Д.од Скопје. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.