СВР Тетово добил пријава дека вчера во 21.30 часот бил прегазен малолетник на кружен тек од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Гоце Стојчески“ во Тетово.
„Имено патничко возило удрило во малолетен пешак од с.Шемшево, тетовско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во билтенот на МВР.