Прегазен дедо во Скопје, возачот избегал

76-годишен скопјанец настрада во сообраќајка, а несовесниот возач избегал од местото на несреќата.

-На 15.09.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.В.(76) од Скопје пријавил дека на 13.09.2022 околу 12.30 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје бил удрен од патничко моторно возило, кое го напуштило местото на настанот, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.