85-годишник од Куманово завршил со тешки поврени откако бил прегазен од „пежо“.
На 13.11.2024 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(49) од с.Романовце, кумановско, удрило во пешакот Б.А.(85) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.