Предвелигденски рецитал на градскиот хор „Светка Петка“

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово, градскиот хор „Светка Петка“ вечер во киното „Мис Стон“ ќе одржи предвелигденски рецитал.

На програмата се дела од православни композитори од Македонија и ширум православниот свет, тематски поврзани со смислата на Воскресението. Ќе се чујат композиции од Корсаков, Архангелски, Валјаев, Бадев, Кирил Македонски, Гоце Секулоски.

Ова ќе биде осми јавен настап на хорот од неговото формирање и делување при новоизградениот храм „Света Петка“ во населбата Точила, а под раководството на Гоце Секулоски.

Во претстојниот период, покрај духовната програма, прилепската публика ќе може да очекува од хорот и концерти со познати дела од останатите музички жанрови – класичната музика, делата на македонските композитори, како и аранжмани на познати поп песни од англиското говорно подрачје.