Предупредување од УХМР: Од утре до недела снег и замрзнат дожд во цела Македонија

Од четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоситочен дел од дожд, предупредија од Управа за хидрометереолошки работи.

Локално ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Најмгогу врнежи ќе има во четвток, кога на повеќе места се очекува да наврне околу 20 литри на квадратен метар.

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Постепено затоплување ќе има од недела, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд“, соопшти УХМР.