Предозиран малолетник во бессознание бил пронајден во близина на средно училиште

Вчера попладне малолетник во бессознание бил пронајден во близина на средно училиште. Се предозирал со алкохол. 

- На 13.05.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на средно училиште во Тетово, медицинска екипа интервенирала кај 16- годишен малолетник од село Горно Палчиште, кој бил во бессознание поради прекумерна употреба на алкохол, информираа од МВР. 

По укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, малолетникот е предаден на родителот, кој е повикани на службен разговор за расчистување на настанот.