Предновогодишна журка со Џибони во Скопје

Хрватската музичка ѕвезда Џибони доаѓа во Скопје, со концерт на  23 декември во ВИП Арената.

Тој ќе настапи како дел од овогодинешното издание на фестивалот „All You Need Is Love“.

„Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на добрта музика“, велат од  „Авалон “, кои се организатори на фестивалот.

Другите изведувачи на фестивалот ќе бидат познати на 29 ти ноември, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба преку avalon.mk на 31-ви октомври.

Цените на билетите се од 700 денари за ПАРТЕР, по 1000 денари за ФАН ПИТ- 1000 денари и SILVER SEATS и 1200 за GOLDEN SEATS, ВИП картата е 2000 денари.