Предновогодишна атмосфера: Дали граѓаните се подготвуваат за богато славење?

Студените и загушливи денови во комбинација со беспарицата засега на уживање во новогодишната атмосфера низ градот ги изнесе само оние кои се на кратко на поминување.

Во вечерните часови градот Скопје секојдневно ќе организира пред новогодишна програма.

Граѓаните велат се уште е рано за планови за Нова година а еден од најчестите одговори беше дека не се чувствува некој новогодишна еуфорија и дека најлудата ноќ ќе ја дочекаат во домашна атмосфера со семејствата.

-За Нова година дома, за тоа што ќе ни останат пари тоа и ќе јадеме, вели еден скопјанец.

Дури  и помладите велат годинава планови за прослава не се прават.

-Дома, со друштво, заедно ќе собереме пари и ќе купиме пиење и јадење, некако не  ни се оди во дискотеки прескапо е, а доам баш може да биде опуштено, вели Дамјан 26 години.

Во турисичките агенции за аранжманите за Нова година се уште само се интересираат граѓаните а понудите се движат од 100 евра по лице па нагоре во зависно од дестинацијата која ќе се одбере.

Дека на народот се помалку му е до планови и може безгрижно да си го дозволи трошокот околу прославата  за Нова година го потврдуваат и официјалните податоци на државниот завод за статистика според кои трошоците на живот во ноември годинава во однос на ноември лани бележат раст од 1,2 проценти, додека цените на мало во ноември годинава во однос на ноември лани се повисоки за 1,9 насто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, замрзнатото овошје, сирењето и другите прехранбени производи како и за месото и  рибата. Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2,3 проценти.