Предновогодишен акустичен концерт на „Љубојна“ во Скопје

На 22 декември, со почеток во 19.30 часот во Националната опера и балет, за првпат пред македонската јавност, „Љубојна“ ќе одржи акустичен концерт. Ова е вистинска можност за нивните многубројни обожаватели, во една уникатна атмосфера да ги слушнат сите големи хитови на групата.

Во моментов во медиумскиот етер е актуелен спотот за последениот сингл на Љубојна „Севдо ле“.