Предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапен за коментари

Министерството за животна средина и просторно планирање изработи нацрт  – одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.

„Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје“, соопштија од Министерството.