Предлог за задолжителна вакцинација во Германија

Поради силата со која четвртиот бран на коронавирусот ја „преплави“ Германија, во таа земја се повеќе се бараат построги мерки.

Како што пренесуваат германските медиуми, канцеларката во заминување Ангела Меркел и идниот премиер Олаф Шолц денеска разговараат со премиерите на покраините.

Како што пишува весникот „Билд“, на таа средба идниот канцелар Шолц се изјаснил за воведување на општа обврска за вакцинација.

„Јас како пратеник секако ќе поддржам ваква мерка, доколку се гласа за неа“, најавил Шолц, пренесува Танјуг.

На оваа неформална средба не се очекуваат одлуки, најави шефицата на кабинетот на канцеларката Меркел, Хелге Браун.