Предлог за брз ручек: Пилешко со шампињони

Наближува времетро за ручек, а уште не знаете што да подготвите? Еве еден брз, а вкусен рецепт.

Потребни состојки:

450 гр шампињони
1 главица црвен кромид
500 гр пилешко
4-5 лажици маслиново масло
1 лажица сув зачин
1/2 лажичка бибер
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка магдонос
2 чаши вода
1 лажица брашно
100 мл неутрална павлака
2 лажици кисела павлака
шери домати (по избор)

Подготовка:

Исечкајте ги пилешкото, кромидот и печурките. Загрејте малку маслиново масло во подлабока тава, а потоа испржете го месото. Потоа пренесете го во друга тава, а во првата додајте го кромидот, печурките и уште малку маслиново масло. Зачинете и додадете го пилешкото. Промешајте, а потоа додадете вода. Покријте и оставете да се крчка некое време. Од брашното и вода направете запршка и додадете го во садот. Потоа додадете неутрална павлака, промешајте, а на крај додадете кисела павлака.

Можете да се сервирате со шери домати и магдонос.