ПРЕДЛОГ РУЧЕК: Пилешки гради во фин сос!

Потребни состојки:

пилешки гради

малку сол

маслиново масло

лук

сенф

павлака за готвење

магдонос

Начин на подготовка:

Пилешките гради исечете ги на коцки, зачинете ги, ставете им сол и вегета и пропржете ги на маслиново масло додека не добијат златно жолта боја.

Извадете ги од садот каде се пржеле, потоа во истото масло додадете го ситно сецканиот лук, кратко пржете, додадете сенф, павлака за готвење, па продолжете со пржење уште десетина минути.

Вратете го пилешкото на уште неколку минути за вкусовите да се соединат, потоа додадете го ситно сецканиот магдонос.

Како прилог можете да зготвите што сакате, по ваша желба – пире, печен компир, салата и сл.

Добар апетит.