Пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје исчезна биста на Гоце Делчев

Очевидци на социјалните мрежи информираат дека деновиве пред студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје исчезнала биста на Гоце Делчев.

Официјално споменикот на револуционерот никој не го поместил но засега нема информации од градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев каде што се наоѓаше бистата ниту од градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Бугарската комисија за историја која преговара со македонскиот преговарачки тим именуван од владата во Скопје инсистира дека Гоце Делчев е Бугарин.