Пред Стив Наумов и Кузман: Стотина студенти направија импровизирани кампинг населби

И покрај тоа што излегоа списоците за студентските домови Државниот студентски центар не е спремен за вселување на студентите. 

Откако надлежните цело лето не успеаа да направат распоред на легла помеѓу пријавените студентите вчера  направија импровизирани кампинг населби во дворовите на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“.

Дали поради неажурност, или делба на легла на заслужни партиски членови и „плебс“ кој аплицирал за легло во еден од студентските домови во Скопје, е помалку важно.

Она што загрижува е тоа што студентите веќе три дена се на улица, а од надлежните нема решение.