
Вчера во 15:10 часот во СВР Тетово, 33-годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од С.Ѓ. од Охрид, вработена во приватна фирма за консталтинг.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со пријавената за посредување за добивање германска работна виза, при што на 01.11.2024 на сметката на фирмата уплатил 24.520 денари.
Како што е пријавено, иако му било ветено дека визата ќе биде готова во рок од три месеци, до денот на пријавувањето работата не била завршена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.