Пред почетокот на летната сезона, туристичките агенции под будно око на инспекторите

Пред почетокот на летните одмори кога македонските граѓани масовно букираат туристички аранжмани за патување во странство, пазарните инспектори предупредуваат дека ќе бидат на теренот и будно ќе го следат нивното работење.

Ќе се спроведуваат надзори на туристичките агенции во интерес на граѓаните, со цел тие да го добијат посакуваниот квалитет на услугата за реална цена.

Најголем акцент ќе се става на месеците кога граѓаните масовно уплатуваат аранжмани за годишни одмори април, мај и јуни и тогаш има интензивни контроли. Се прават контроли и во агенции кои имаат лиценци од А-категорија и Б-категорија.

Ќе се контролира дали уредно ги имаат истакнато условите на патување, какви платежни картички се користат и дали јасно се утврдени условите во договорот.

Дел од контролите е дали се почитуваат условите кои ги пишува во аранжманот.