Пред новогодишната ноќ: Автобус прегази пешак, автомобил удри во две малолетни деца

Вчера во Скопје на крстосницата на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и  улица „Борис Кидрич“, се случила сообраќајна несреќа.

Имено 52- годишиот Г.Р од Скопје управувајќи автобус со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот 64- годишниот  Л.К  од Скопје.

Во  незгодата  Л.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза".

Извршен е увид на местото на настанот.

Исто така вчера околу 20:00 часот во Скопје на улица „Македонска Косовска Бригада“ 36-годишниот С.С. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешаците В.С.(27) и едногодишно дете од Скопје и 6 годишно дете од Косово.

На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники „Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.