Времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови, а повремените врнежи ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе се прошири засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во нтервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 23 степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.