Пред карпошани Стевчо Јакимовски, ја претстави новата програма и визија за понатамошен развој на општината

Пред над 2.000 карпошани, на првиот голем предизборен митинг на Граѓанската опција за Македонија, претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, ја претстави новата програма и визија за понатамошен развој на општината.

Јакимовски истакна дека во изминатите два мандати како градоначалник на локалната самоуправа, секогаш неуморно работел за решавање на проблемите на граѓаните на Карпош и во многу домени, локалната самоуправа предничи  дури и во европски рамки.

Со слоганот  „Резултати, не приказни“, кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави во наредниот четиригодишен мандат нови стратешки цели:

-Карпош ќе има еден милион квадратни метри зеленило! Тоа значи нови 250.000 квадрати зеленило и дрвореди. Со ова Карпош ќе има 2,3 повеќе зеленило од пропишаниот светски стандарт, или 16 метри квадратни по жител.

-Ќе ја подобруваме екологијата посебно во зимскиот период, со давање на стимулации за замена на старите шпорети со нови апарати,

-По европски еколошки стандарди. Ќе даваме дополнителни стимулации за користење алтернативни извори на енергија. Пред секој новоизграден објект ќе има најмалку по еден прочистителен билборд кој ќе продуцира кислород за околу 1.000 нови дрвја.

-Граѓаните бараат да се реши сметот и руглото од контејнерите. Токму, затоа ќе издвоиме над 150 милиони денари, за изградба на подземни контејнери и веќе сликата со расфрлан смет околу контејнерите во Карпош 1,2,3,4 и Порта Влае ќе биде минато.

-Граѓаните се уште имаат проблем со паркирањето. Но, не секаде. Кај Млечен ресторан, во Карпош 1, кај Министерството за економија, кај болницата „ 8 Септември“, во Лептокарија и кај Порта Влае. Токму за оваа намена ќе издвоиме дополнителни 200 милиони денари за изградба на платформи за паркирање во Карпош 1, Карпош 3 , Млечен ресторан, болницата „ 8 септември“ , Порта Влае, трговскиот центар „ Антико“ и на други места. Секој граѓанин од овие места ќе има далечински управувач и само тие ќе можат да паркираат на тие паркинзи.

-Младите брачни парови бараат домови. Позади Зајчев рид ќе отстапиме наше општинско или државно земјиште, ќе го ослободиме од комуналии, за да се изградат семејни домови со мали дворови, по цена не поголема од 350 евра по метар кврадратен.

Јакимовски  ја претстави својата визија за локалната самоуправа, со која управува во два последователни мандати. Јакимовски, пред присутните нагласи дека од преземањето на општината во 2009 година, во Карпош досега се засадени  околу 11.000 дрвја и садници, додека се исечени само 134. Тоа е еклатантен пример и доказ со кој се побиваат сите тези на противкандидатите дека во Карпош се уништува зеленилото. Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, нагласи дека локалната самоуправа под негово водство, прва почнала да им помага на лицата со посебни потреби и социјално загрозени семејства, и  на тој начин ја исполнувала хуманата компонента како сервис на граѓаните.

-Досега целосно реновиравме седум од десет детски градинки на наша територија. За две е распишан тендер, и сме во постапка тие целосно да бидат реновирани. Во Општина Карпош се реновирани и основните училишта, со наши буџетски средства, иако тоа според законот е обврска на Министерството за образование. Секојдневно се грижиме за хигиената, со наши вработени сезонски работници кои ги метат улиците. Реновиравме преку 50 фасади, и освен естетски изглед, тие како енергетско – ефикасни фасади, ќе им бидат од финансиска корист на граѓаните и зиме и лете. Заменуваме стари дотраени лифтови со нови, ги реновираме постоечките, и заменуваме азбестни покриви на индивидуални и колективни станбени објекти. Сето тоа е плод на нашиот ангажман и постојана работа, со која јас како досегашен градоначалник заедно со мојата општинска администрација сме во служба на граѓаните, потенцираше Јакимовски.

Тој најави и изградба на паркови за миленичиња, нова спортско- рекреативна зона на кејот на реката Вардар, трим патеки до крстот на Водно, како и  пешачка  и велосипедска  патеки до Горно Нерези.

-Први во Република Македонија, почнавме да доделуваме стипендии за талентирани спортисти и ученици. Успешните основци, ги носиме на бесплатни екскурзии, до 4 одделение доделуваме бесплатна ужинка. Први ги реонизиравме училиштата за секое дете да си учи во сопствената населба. Исто така, единствено само ние ги задржавме секретарите на урбаните и месните заедници, сакајќи со тоа локалната самоуправа да биде поблизу до граѓаните. Само Општина Карпош им ги носи даночните решенија. до домот. Поставивме илјадници нови светилки, изградивме 4 нови фонтани, преку 50 детски паркови со реквизити и изградивме голем број на плоштади како рекреативни сврталишта за младите и возрасните. Сето тоа е плод на нашата заложба, секојдневна работа и постојан ангажман, нагласи Јакимовски.

 

 

 

new nike air max 2019