Пред галичката Тања и Бошко направија и класична свадба (Фото)

Годинешните галички младенци, Тања Чалоска и Бошко Лепчески на неколку дена пред големата традиционална „Галичка свадба 2017“ направија и класична за сите роднини и пријатели во еден скопски ресторан.

Иако за некој ден ќе ги видиме на качени на коњ во традиционалните галички носии, невестата сега блесна во прекрасна бела венчаница како вистинска сирена, а младоженецот во елегантно издание покрај неа. Им ја посакуваме целата среќа!