Пред финална одлука - дали новиот Клинички центар ќе биде во Ѓорче Петров

На покана на Министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот Александар Наумоски, заедно со својот тим присуствуваа на презентација за предлог локација за изградба на новиот Универзитетски клинички кампус.

Како тим укажаа зошто овој здравствен центар треба да биде лоциран токму во општина Ѓорче Петров на локалитетот Веле Поле .

Пред стручната јавност, претставници од Комората на инжењери и архитекти, професори од Архитектонскиот факултет, консултанти од сферата на урбанизмот, образлагаа дека  локација Веле Поле е токму она што се бара. Предностите на понудената локација се тоа што таа е сообраќајно пристапна до обиколницата, земјиштето е со доминантна сопственост на Република Македонија, во близина е на железничка пруга, лоцирана во шумски појас. Би се нудела брза и едноставна конекција со соседните земји, а тоа би допринело и за  развој на медицинскиот туризам.

На оваа локација би можело да се направи и регионален центар, каде има можност да се градат хотели и спа центри заради термалните води до самиот локалитет. Со ова би се зголемиле можностите за остварување одржлив економски развој во општината.

Се очекува финална опсервација од Владата на Република Македонија.