Пред една недела беше во контакт со сите евровизиски учесници: Лаура Паусини во изолација поради коронавирусот

Познатата музичка ѕвезда, која беше водителка на Евровизија, е во изолација поради коронавирусот. 

Пред само шест дена, таа беше во контакт со речиси сите делегации на земјите кои учествуваа на фестивалот. Веста дека е позитивна на вирусот ја потврди и преку Инстаграм. 

Сите се сеќаваме дека за време на гласањето Лаура ја немаше, која била позади сцената да одмори малку. Сепак, се покажало дека тоа биле првите симптоми на коронавирус.