Пред една година се прашував дали ќе доживеам следно лето за да уживам во животот, вели Лила

Една од најпознатите водителки во Македонија, Лила Стојановска на социјалните мрежи се потсети на битката која ја водеше против ракот.

-Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот. Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив. Сега година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби. Залудно живееш ако не уживаш во животот. А и полесно е кога имам неколку ама вистински пријатели, напиша Лила на фејсбук.

Познатата водителка  неодамна зборуваше за битката со ракот и на промоцијата на книгата „Ти си таа“ на писателката Ана Дорник.