Пред да појдете на гласање, проверете дали е променето вашето избирачко место

Поради ситуацијата со корона вирусот, дел од избирачките места кои не ги задоволуваат здравствените протоколи се променети. Во пресрет на испочитување на препораките од здравствените власти за гласање во услови на присуство на ковид-19, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека се обезбедени алтернативни адекватни простории што имаат доволна квадратура и можност за проветрување за да се одржи изборниот процес.

Во училиштата каде што ќе се гласа, обезбедени се доволен број на училници, додека во некои општини се обезбедени и спортските сали за да се одржи гласањето. Во мал дел од руралните средини каде што има мал број на гласачи ќе се закупат и приватни објекти за да се одржи гласањето.

На овој ЛИНК може да го проверите избирачкото место каде што може да гласате.