Пред 70 години е роден Горан Стефановски

На 27 април 1952 година е роден еден од најголемите македонски драмски пистатели, Горан Стефановски. Тој е постар брат на познатиот гитарист Влатко Стефановски. 

Уметноста отсекогаш била дел од оваа фамилија, бидејќи нивниот татко Мирко бил театарски режисер, а мајка им Нада, актерка. 

Покрај театарот, Стефановски беше вљубеник и во англискиот јазик и во британската култура. Предавал англиска литература, со особен акцент на неговиот омилен Шекспир. Се истакнува и со своите драми, кои секогаш се трагични, парадоксални, а во голема доза и сатирични. 

Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години ја отсликуваат актуелната реалност во Македонија. Делата на Стефановски се изведувани на сите македонски сцени,  во сите некогашни југословенски културни центри, како и во големите театарски центри во светот: Париз, Будимпешта, Лондон, Софија, Москва …

Во март во МНТ беше поставена претставата „За нашиот Горан“, а во Драмскиот театар се изведува „Моето име е Горан Стефановски“. 

Стефановски почина во 2018 година, во Кантербери, Велика Британија.