Пред 6 месеци прележала ковид - Комисијата за стручен надзор се огласи за причината за смртта на малата Јана

Комисијата за стручен надзор излезе со официјални информации за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Јана Христовска во Клиничка болница Битола.

-Констатирано е дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката. Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин, се вели во нивното соопштение. 

По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката.

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.