Празничната трпеза нема да е иста без нив - за луѓето кои ги изгубивме во 2022 година

Знаеме дека ништо не може да ги врати нашите сакани назад, но посакуваме барем уште еден ден со нив, посакуваме да можевме да ја покажеме својата љубов посилно или да им кажеме сè што сакаме, сè што ни лежи на душа.

Photo by Gareth Harper on Unsplash

Така највеќе учиме за кршливоста на животот. Така можеби низ сета таа болка ќе ја научиме и најважната лекција: дека луѓето треба да ги сакаме и цениме додека се живи, да им ја дадеме својата љубов, своето време и учиме колку е голема болката кога ќе ги нема, дека ништо не го брише недостигот.

Од ваквите тешки и трагични ситуации, учиме колку е краток живот. Колку се незначајни сите мали грижи, расправии, гордост и лутења. Тогаш кога ќе изгубиме важна личност, сфаќаме дека ништо не е поважно од љубовта и поддршката. 

Голем дел од нас ќе ги поминат своите празници во тага, но никој не може да ни каже да се смееме или да престанеме да жалиме. Тоа е во нас. Таа е дел од нашиот живот и ќе остане засекогаш. 

Но, она што можеме да го направиме е да ја кренеме чашата за сите оние кои не се дел од нашиот живот повеќе и да живееме живот онака како што тие би сакале. Да се сеќаваме на нив, не само на празниците, туку и на секој важен ден  и да го славиме животот, бидејќи никогаш не знаеме кој ден е последен.