Празничен ролат со месо

Месните ролати можеби ве потсетуваат на некои дамнешни времиња, кога беа централен дел на празничните трпези, па затоа ве навраќаме и инспирираме да пробате да направите повторно.

Состојки:

Правоаголно парче лиснато тесто
600 гр мелено месо (свинско, телешко или мешано)
Еден кромид
Три лажици масло
Едно парче целер
Едно јаболко
Исецкан магдонос
Една жолчка
Вегета
Мачина душичка
Црн бибер
Сол
Малку млеко

Подготовка:

Пропрќете го кромидот, па ставете ги сецканите целер и јаболко. По неколку минути тргнете ги настрана, за смесата да се излади. Измешајте го меленото месо со зачините, жолчката и магдоносот, па ставете ја смесата од јаболко, целер и кромид. Формирајте векна од оваа смеса. 

Лиснатото тесто разотворете го и малку иссукајте го, да биде потенко. Од страните сечете ленти. Ставете ја векната од месо на средина и со лентите од тесто направете плетенка врз него. 

Премачкајте со млеко и печете 30 минути на 200 степени.