Празничен распоред за автобусите на ЈСП

Како што беше и за време на новогодишните неработни денови, така и за Божиќ, автобусите на ЈСП ќе возат според празничниот возен ред.

Тоа значи дека во недела, кога е Бадник, временскиот распоред на движење на автобуските линии останува како во секоја недела, додека пак во понеделник, на Божик, автобусите ќе возат по неделен возен ред, односно како претходниот ден.

Граѓаните повеќе информации за возниот ред можат да добијат во Диспечерскиот центар на 3173-224 и на веб-страницата на ЈСП Скопје.​