Празни градинки, полни ординации - вирусите и настинките ја наполнија Клиниката за детски болести

Детска клиника е преполна со болни дечиња, а градинките се празни.

Лекарите велат се работи за вируси, но и бактериски инфекции, а зголемениот број на пациенти е поради топлото време, слабиот имунитет и недоволниот капацитет на другите болници кои ги згрижуваат најмалите пациенти. 

Според лекарите, не сите примени пациенти треба секогаш болнички да се лекуваат.

Околу дваесет проценти од заболените со вирусни инфекции завршуваат со компликации и бараат болничко лекување, што според нив е вообичаена бројка во ек на вирози и вируси. 

Дополнително според педијатрите бројот на пациенти е зголемен поради грижата и стравот на родителите кои бараат дополнителен преглед во болница.