Православните верници во Скопје масовно ги посетуваат храмовите за Велигден

Православните верници од Куманово масовно ги посетија православните храмови по повод најголемиот христијански празник - Христовото Воскресение -Велигден, денот кога Исус Христос ја докажал божествената моќ и воскреснал од мртвите.

Верниците оставија бојадисани јајца во црквите, се помолија за здравје, мир, благосостојба, а меѓусебе се поздравија со Христос Воскресе - Навистина Воскресе.

Најрадосни се децата, кои вчера и денеска одат од куќа во куќа, го честитаат празникот за што добиваа бојадисани јајца, колачи и слатки.